ВТОРА ЛИГА: Два сензационални резултати во Штип и во Новаци

Крајно изненадувачки резултати на денешните натпревари од 14. коло во Втората македонска фудбалска лига. Неочекувани порази на двете водечки екипи во првенството, Шкендија Арачиново и Брегалница.

Сосема изненадувачки, штипска Брегалница, по победата во претходното коло на гости над Шкендија Арачинов, сега пред своите навивачи загуби од Осогово со 0-1. А, со 1-0 загубија и арачиновци на гостувањето во Новаци.

За Брегалница беа досудени и два пенали, еден во првото полувреме, и еден буквално во последните секунди од мечот, но штипјани и двата не успеаја да ги реализираат.

Скопје како домаќин славеше со 4-0 против Г. Коњари, додека Охрид триумфираше со Детонит со 1-0.

РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО

Брегалница – Осогово 0-1

Новаци- Шкендија (А) 1-0

Охрид – Детонит 1-0

Преспа – Слога (В) 1-2

Вардар (Н) – Победа 0-0

Скопје – Г. Коњари 4-0

Саса – Беласица 0-2

Тетекс – Кожуф (03. декември)

Се вчитува...