Без победник завршија двата денешни натпревари од 15. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Осогово и Новаци продолжуваат со одличната низа без порази во шампионатот, со тоа што сега меѓусебно ремизираа без голови на дуелот во Кочани.
Домашните повеќе ја посакуваа победа, силно атакуваа, имаа повеќе од играта но не успеаја да реализираат, на крај за конечни 0-0.
На дуелот во Гевгелија, пак, Кожуф и Вардар Неготино, исто така ги поделија бодови, но со 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

