Втора лига: Фаворитите ја оправдаа улогата во 6. коло

Шестото коло од Втората кошаркарска лига донесе шест нови возбудливи натпревари во кои четири домаќини го одбранија својот дом, а две клуба триумфураа на гостински терен.

Охрид во „Билјанини Избори“ славеше против Работнички со 83-76, Вардар беше убедлив против Шкупи со 93-57, Ангели го добија минатогодишниот прволигашки дуел против МЗТ Скопје 2 со 94-89, додека Борец Баскет стигна до првата победа во сезоната славејќи со 100-64 против Црн Дрим.

Соколи 1933 го добија гостувањето во Скопје против Водно Санс со 68-83, додека МКК Куманово славеше против Баскет Кам со 69-73.

Се вчитува...