Екипите на Феникс 2010 и на Ангели се првите полуфиналисти во плеј-офот на Втора лига-мажи кој се игра за пополнување на две места во друштвото на најдобрите. Двете екипи победија и на вторите натпревари од четвртфиналната серија и со максимални (2-0) го продолжуваат патот кон Првата лига. На гостувањето во Битола, Феникс 2010 и по втор пат ја совлада Хераклеа, исто така убедливо со резултат (77:60).
Ангели кма далеку потешка задача во тетово. Наидоа на особено расположен противник, кој едниставно беше непогрешлив во шутот за три поени. И во првото полувреме оствари двоцифрена предност. Но се беше поинаку во продолжението од мечот во „Економско“. Фаворитот ги консолидира своите редови и стигна до полуфиналето со победата од (84:73).
За место во првата „четворка“, пак трет натпревар ќе играат екипите на Борец Баск т и Чаир 2030. Чаирчани испуштија голема шанса да ја завршат работата уште на денешниот мечот одигран во салата „Гемиџии“ во Велес. Имаа три поени предност во финалните секунди (79:76), но сосема непотребно направија прекршок, вреден три поени, кој велешани го претворија во егал скор (79:79). Во дополнителните пет минути го турнаа на земја фаворитот. Стигнаа до двоцифрена победа (97:87) која има дава нова шанса за пласман во следниот круг од натпреварите.
Утре, од 16.30 часот, екипите на Партизан Водно Санс и на Шкупи ќе го одиграат својот прв меч од серијата „подобар во три“ натпревари.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ – ЧEТВРТФИНАЛЕ – ВТОР НАТПРЕВАР
Хераклеа – Феникс 2010 60:77 (0-2)
Борец Баскет – Чаир 2030 97:87 (1-1)
Тетекс ТТК – Ангели 73:84 (0-2)
НЕДЕЛА:
16.30: Партизан Водно Санс – Шкупи (прв натпревар)
Сала „Јане Сандански“ – Скопје
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА