Втора лига: „Фениксот“ ги изгоре „ангелите“ (ВИДЕО)

Изминатиот викенд во Втората кошаркарска лига беа одиграни десет натпревари по кои веќе нема непоразени екипи во двете групи.

Дербито на „Истокот“ беше одиграно во Кисела Вода каде Феникс 2010 успеа да им го нанесе првиот пораз на Ангели во сезоната, откако славеше со 83-76 (24-21, 23-18, 24-14, 12-23). Избраниците на Дервишевиќ одиграа одличен натпревар во кој го контролираа резултатот, а клучна за победата беше третата четвртина по која Феникс „избега“ на +18 (71-53) и ги решија дилемите за победникот.

Предводници на домаќините со по 20 поени беа Србиновски и Митревски, додека Амир Хот додаде 11 поени.

Во останатите натпревари, Баскет КАМ забележа значаен триумф откако славеше над Борец Баскет со 66-49, Ролинг 08 го совлада Про Баскет со 74-66, Струмица го совлада Куманово 2 со 80-69, додека Шкупи славеше на гостувањето против МКК Куманово со 68-75.

Во групата „Запад“  убедлива победа од 112-63 забележа Тетекс над Мега Баскет, Чаир 2030 продолжи со одличните натпревари и славеше над Риниа со 84-64, блиску до сто постигнати поени беше и Партизан Водно Санс кој славеше на гостувањето против Спорт тим со 51-99, додека границата над 90 поени ја надминаа и ГКК Охрид, кој славеше над Спарта со 91-76, додека Хераклеа го доби битолскиот двобој против Пелистер Медика Карта со 65-90.

Се вчитува...