ВТОРА ЛИГА: Гостивар со „петарда“ против Кожуф го прескокна Вардар на табелата, пораз на Пелистер во Струмица

Гостивар сега е на втората позиција на табелата во Втората македонска фудбалска лига откако го искористи поразот на Вардар во дербито на 25. коло од Воска спорт од 2-1 во Охрид.

Гостиварци, пак, со 5-1 славеа во пресметката против Кожуф на домашен терен па сега се со два бода предност во однос на Вардар на второто место на табелата, а останувајќи на четири бода од лидерот Воска.

Рамадани беше стрелец на два гола за Гостивар, а по еден запишаа Симеон Христов, Каланоски и Абази. За Кожуф погоди Бојан Иванов.

Пелистер, пак, загуби на гостувањето во Струмица од Беласица со 2-1. Струмичани до победата дојдоа со головите на Стојков и Петров. Стрелец на единствениот гол за Пелистер беше Драгарски.

ВТОРА ЛИГА – 25. КОЛО
Воска спорт – Вардар 2-1
Беса – Арсими 1-0
Караорман – Борец 4-0
Беласица – Пелистер 2-1
Каменица Саса – Охрид 2-1
Гостивар – Кожуф 5-1
Локомотива – Детонит 1-3
Слога Виница – Тетекс 1-1

Се вчитува...