Беласица уверливо чекори кон прволигашката конкуренција и бележи убедливи победи во Втората лига – Исток. Струмичани денеска на стадионот „Младост“ го совладаа Осогово со убедливи 5-0. Зоран Митевски беше стрелец на два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Миле Костовски, Мартин Мирчевски и Александар Василев.
И во Штип имаше голеада. Брегалница го совлада тимот на Победа Валандово со 7-2. Уште по првиот дел штипјани обезбедија предност од 4-0, а стрелаа Боневски, Митров, Наумов и Ефремов. Во второто полувреме, Лазар Илијев постигна два гола, Славчо Велковски реализираше пенал, а головите за гостите беа дело на Марио Рајатоски и на Александар Тенекеџиев.
Плачковица ремизираше против Каменица Саса (2-2), додека Кожуф и Тиквеш одиграа 1-1.
Беласица се наоѓа на врвот на табелата во Втората лига Исток со 46 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА