ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица ја „здрма“ Победа во Прилеп, триумф и на Тиквеш

Тиквеш и Беласица запишаа убедливи победи во 2. коло од Втората лига – Исток.

Во „прволигашкото дерби“ во Прилеп, Беласица повеќе од убедливо со 0-3 славеше против Победа. Стрелци на головите за Беласица беа Александар Милушев во 34. минута, Мартин Мирчевски во 53. минута и младинецот Благој Истатов во 89. минута.

Тиквеш, пак, пред своите навивачи во Кавадарци дојде до очекувана победа против Плачковица со 3-1 благодарение на головите на капитенот Ѓорѓи Мојсов во 34. минута и Марјан Ристовски во 70. минута и 83. минута.

Убедлив триумф запиша и Каменица Саса која со 4-1 триумфираше против Питу Гули.

Кит Го ремизираше (1-1) на домашен терен со гевгелиски Кожуф. Пехчевци до предност дојдоа со голот на Петар Најдов во 60. минута, но Никола Костадинов во 65. минута израмни за Кожуф.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (2. КОЛО)
Каменица Саса – Питу Гули 4-1
Тиквеш – Плачковица 3-1
Кит Го – Кожуф 1-1
Победа – Беласица 0-3
Брегалница – Осогово 5-0

Се вчитува...