ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица ќе игра во баражот за враќање во Првата лига

Струмичка Беласица ќе игра во баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига, освојувајќи го второто место на Истокот откако во последното коло славеше со 1-3 на гостувањето против Кожуф.

Беласица до победата дојде со головите на Милушев во првото полувреме, и Михаилов и Коцев од пенал во вториот дел.

Како што е познато од претходно, нов прволигаш веќе е прилепска Победа која заврши на првото место и со денешната победа од 1-2 на гостувањето против Слога Виница.

Тимот на Пехчево очекувано славеше убедливо со 3-0 против Локомотива, не дозволувајќи преселба во понизок ранг на натпреварување, каде пак од следната сезона се селат Осогово, Братство 06 и Локомотива Тим.

РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО

Кожуф – Беласица 1-3

Слога Виница – Победа 1-2

Братство – Осогово 2-4

Пехчево – Локомотива 3-0

Детонит јуниор – Каменица Саса 2-2

Се вчитува...