Борец стигна и до третиот триумф во новата сезона од Втората лига Исток. Велешани славеа на гости кај Партизан Обршани со 0-2, со головите на Бојан Колевски и на Симеон Христов.
Во локалното дерби, Тиквеш го совлада Вардар Неготино со 3-1. Александар Мишов од пенал во 40.минута го отвори резултатот во корист на домаќините, а Миле Чаушев во 68.минута израмни и донесе неизвесност. Сепак, во завршницата, Тиквеш славеше со головите на Роберт Митев и на Александар Мишов.
Плачковица го совлада Детонит јуниор на гости со 0-2. Вчера, Брегалница го победи Кит-Го на гости со 1-2, додека Саса Каменица и Кожуф ремизираа, 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА