Лидерот Борец експресно се врати во победнички ритам откако загуби од Тиквеш во минатото коло. Велешкиот тим го декласира Детонит со 7-1.
Четири гола постигна Марко Ѓорѓиевски, а во листата на стрелците за Борец се запишаа и Симеон Христов, Роберт Коцев и Филип Петров. Единствениот погодок за Детонит беше дело на Стојан Тодоров.
Убедлив беше и Кит Го, кој со 4-0 ја совлада Каменица Саса. Сите четири гола беа постигнати во првото полувреме. Стрелци беа Зоран Андонов, Мартин Стојанов, Иван Настевски и Иван Колев.
Тиквеш победи минимално против Плачковица со 1-0, со голот на Иван Ивановски.
Кожув беше подобар од Партизан Обршани со 2-0. Емир Скендери и Цветан Чурлинов беа стрелци на головите.
ВТОРА ЛИГА ИСТОК – РЕЗУЛТАТИ (19. КОЛО)
КИТ – ГО – КАМЕНИЦА САСА 4-0
ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА 1-0
БОРЕЦ – ДЕТОНИТ 7-1
КОЖУФ – ПАРТИЗАН ОБРШАНИ 2-0
УТРЕ: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР НЕГОТИНО
Табела: Борец 49, Тиквеш 42, Кожуф 39, Брегалница 34 (-1), Кит Го 33, Детонит 17, Плачковица 16, Партизан Обршани 13, Вардар Неготино 11 (-1), Каменица Саса 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА