Фудбалерите на Борец продолжуваат со одлични игри во рамките од Втората лига – исток, откако велешкиот клуб денеска забележа нова победа. Плачковица беше домаќин на велешани, но Борец одигра импресивен натпревар и славеше со 1-4. Симеон Христов постигна два гола за лидерот на табелата, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Колевски и Ѓорѓиев.
КитГо рутински ја одработе задачата на мечот со Каменица, триумфирајќи со 3-1. Марковски нечекувано ги доведе гостите во водство, на спротивната страна експресно израмни Настовски, за прашањето на победникот со два гола во второто полувреме да го реши Филип Неделковски.
Брегалница „се лизна“ на домашен терен ремизирајќи во Штип против Кожуф.
Резултати:
Брегалница – Кожуф 0-0, Плачковица – Борец 1-4, КитГо – Каменица 3-1, Тиквеш – Детонит 2-0, Вардар Неготино – Партизан 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА