ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Борец со два гола во последните пет минути се спаси во Каменица, сигурни Кит Го и Брегалница

Лидерот во Втората лига Исток, велешки Борец стигна до триумф од 1-2 на гостувањето против Каменица Саса.

Саса поведе во првото полувреме со голот на Даниел Гоцевски во 45. минута. Борец до победата дојде во последните пет минути од натпреварот со погодоците на Марко Георгиевски во 85. минута и Симеон Христов во 90. минута.

Кит Го без проблеми славеше со 2-0 против Вардар Неготино. Победата беше обезбедена уште по првиот половина час игра со головите на Зоран Андонов во 13. минута и Андреј Симевски во 24. минута.

Брегалница дојде до триумф од 1-2 на гостувањето против Партизан Обршани со погодоците на Велиновски во 25. минута и Славчо Велковски во 82. минута, откако домашните претходно го израмнија резултатот.

РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛО

Партизан Обршани – Брегалница 1-2

Каменица Саса – Борец 1-2

Детонит јуниор – Кожуф 1-3

Тиквеш – Плачковица 4-2

Кит Го – Вардар Неготино 2-0

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...