Борец Велес со триумф против Тиквеш во последниот, заостанат, меч од есенскиот дел од шампионат го прослави првото место во Втората лига – Исток по првиот дел од сезоната.
Велешани во последниот натпревар од 14. коло славеа со 1-0 против Тиквеш со погодокот на Бојан Колевски во 82. минута на средбата. Сето тоа заокружено и со „фешта“ на најверните навивачи „Гемиџиите“ за прослава на убедливо освоеното прво место во второлигашката конкуренција.
Борец на крајот од есенскиот дел завршува на врвот од табелата со 37 бода, осум повеќе од второпласираниот Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА