Онака како што го заврши есенскиот дел од сезоната, екипата на велешки Борец доминантно го почна и пролетниот во Втората лига – Исток. Во 15. коло од првенството Борец славеше убедливо со 3-0 против Плачковица.
Велешани поведоа со голот на Марко Ѓорѓиевски во 8. минута, на 2-0 зголеми Ѓорѓи Ѓорѓиев во 57. минута а конечните 3-0 ги постави Марко Ѓорѓиевски со својот втор гол во 82. минута.
Кит Го загуби на гостувањето во Македонска каменица од Саса со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за домашните беше Кристијан Додевски уште во 14. минута од натпреварот.
Фудбалерите на Кит Го потоа доминираа во текот на целиот натпревар со притисок кон противничкиот гол, но не успеаја да стигнат до посакуваното израмнување.
Тиквеш ремизираше (1-1) на гостувањето против Детонит јуниор во Радовиш. Ѓорѓи Мојсов во 74. минута донесе водство за кавадарчани, но домашните израмнија со голот на Александар Георгиевски во 88. минута.
Во дерби пресметката на колото, Кожуф и Брегалница ремизираа без голови во Гевгелија.
РЕЗУЛТАТИ – 15. КОЛО
Борец – Плачковица 3-0
Партизан О. – Вардар Неготино 1-0
Каменица Саса – Кит Го 1-0
Детонит јуниор – Тиквеш 1-1
Кожуф – Брегалница 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА