Брегалница со седум бода предност во однос на кавадаречки Тиквеш ќе замине на пауза во Втората лига – Исток. Во последното коло од есенскиот дел, Брегалница убедливо со 1-3 триумфираше на гостувањето против Слога Виница, а искористувајќи го ремито без голови на Тиквеш против Победа.
Штипјани до победата дојдоа со головите на Мартин Стојанов и Анес Османоски уште во првото полувреме, а во вториот дел уште еднаш во листата на стрелците се запиша Османоски.
Најубедливата победа на крајот од првиот дел од сезоната ја запиша Осогово триумфирајќи со 1-7 на гостувањето против Росоман.
Убедлив беше и Кит Го триумфирајќи со 5-1 против Плачковица на дуелот кој се одигра во Штип. Стрелци за пехчевци беа Ступиќ и Алексовски од пенал во првото полувреме, како и Мичковски, Андонов и Оливер Христов во второто полувреме.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (16. КОЛО)
Кит Го – Плачковица 5-1
Победа – Тиквеш 0-0
Слога Виница – Брегалница 1-3
Росоман – Осогово 1-7
Каменица Саса – Кожуф 3-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА