Фудбалерите на Брегалница дојдоа до нова победа во Втората лига – Исток, без поголеми проблеми триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Слога во Виница во 20. коло.
Целокупната задача на натпреварот избраниците на Марјан Секуловски си ја завршија уште во првото полувреме. По почетното испитување на силите, неколку шанси за „сините“ кои се крунисуваат со водство од 0-1 со голот на Владимир Дујовски во 29. минута, а Дарко Додев во 41. минута носи предност и од 0-2.
Во вториот дел домашните со голот на Бујчевски во 84. минута единствено успеаја да го ублажат поразот.
Останатите натпревари од ова коло се играат утре со почеток од 15 часот. Брегалница сега има 10 бода предност во однос на второпласираниот Тиквеш, кој утре го игра својот натпревар од ова коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА