Брегалница триумфално ја стартуваше сезоната во Втората лига – Исток, во која штипскиот клуб се надева на освојување на првото место и влез во елитното друштво. Штипјани денеска гостуваа во Радовиш против Плачковица, двапати беа во негатива, но на крајот триумфираа со 2-4.
Четири различни фудбалери беа стрелци за Брегалница на оваа средба, и тоа Велинов, Миленковски, Настевски и Георгиев.
Главниот ривал на Брегалница, тимот на Тиквеш, одигра само 1-1 против тимот на Кожув. Кавадарчани имаат за што да жалат, промашија многу шанси, па на крајот се доведоа во ситуација преку Шиков да спасуваат бод откако Кожув прв поведе со голот на Трајчев.
Беласица триумфираше со убедливи 3-0 на домашен терен против Кит-Го, прашањето на победникот решавајќи го уште во првиот дел, што заврши 2-0 за струмичани.
Питу Гули оствари извонреден резултат труимфирајќи на гостински терен против Осогово со 1-3, додека Победа ја почна сезоната со домашна победа над Саса со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА