ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница во 93. минута се спаси од пораз во Велес, Тиквеш го „торпедираше“ Хоризонт!

Борец и штипска Брегалница ремизираа во Велес (1-1) во дербито на Истокот од 3. коло во Втората лига на Македонија.

Екипата на Борец со погодокот на Антониот Каланоски уште во 6. минута дојде до водство, но откако во возбудливиот натпревар, Дарко Стојанов беше исклучен кај Борец во 73. минута, гостите успеаја да стигнат до израмнување и бод со голот на Стефан Мишев во 93. минута.

Роберт Митев, пак, постигна хет трик во убедливата победа на Тиквеш од 2-5 на гостувањето против Хоризонт Турново.

Осогово дојде до триумф од 2-1 против Плачковица, благодарение на голот на Марио Атанасовски во 80. минута од средбата, откако претходно Коцевски стрелаше за Осогово во 40. минута, а Мартин Петров за гостите во 60. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО

Хоризонт Турново – Тиквеш 2-5

Борец – Брегалница 1-0

Осогово – Плачковица 2-1

Победа Валандово – Кожуф 1-2

Беласица – Каменица Саса (19 часот)

ТАБЕЛА: Борец 7 бода, Беласица (-1) 6 бода, Тиквеш 6, Кожуф 6, Осогово 6, Брегалница 4, Плачковица 3, Победа Валандово 2, Каменица Саса (-1) и Хоризонт Турново без бодови.

Се вчитува...