ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Двоен „хет-трик“ во Прилеп, четири гола на Коцев за Беласица и триумф на Слога Виница

Слога Виница го задржа врвот на првенствената табела во Втората лига – Исток откако со 2-1 славеше против Детонит јуниор во 21. коло.

Слога Виница со головите на Бојан Иванов во првото полувреме и Андреј Симевски во вториот дел дојде до заслужена победа од 2-1 против Детонит јуниор.

Најубедливиот триумф го запиша прилепска Победа со 6-0 против Братство, и тоа со „дупли хет-трик“. Бојан Спиркоски постигна три гола а уште три беа дело на Адтхе Мазари.

Идентична победа од 6-0 запиша и Беласица над Локомотива. Четири гола на Александар Коцев, а по еден на Ангов и Радојчиќ.

Пехчево триумфираше со 1-0 против Кожуф на домашен терен во интересна пресметка, со погодокот на Зоран Андонов во 30. минута од средбата.

Каменица Саса со головите на Соколовски и Мисердовски во 79. минута и 86. минута, во самиот финиш успеа да го скрши отпорот на Осогово за триумф од 2-0.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (21. КОЛО)

Слога Виница – Детонит јуниор 2-1

Победа – Братство 6-0

Беласица – Локомотива 6-0

Пехчево – Кожуф 1-0

Каменица Саса – Осогово 2-0

Се вчитува...