Брегалница и Тиквеш ја продолжуваат трката за врвот во второлигашката конкуренција на Истокот славејќи во 6. коло гостински победи против Кит Го односно Слога Виница.
Брегалница победи со 0-1 во Пехчево благодарение на феноменалниот гол на Мартин Стојанов од слободен удар во 35.минута. Тиквеш, пак, победи со 1-3 во Виница.
До минимална победа дојде и Каменица Саса, која со погодокот на Трајче Ефремов со 1-0 славеше над Плачковица и се искачи на седмата позиција на табелата, со шест освоени бодови.
На останатите денешни натпревари Никола Костадинов и Ангел Кочев донесоа гостинска победа на Кожуф во Росоман од 1-2, а Победа и Осогово ремизираа во Прилеп (1-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА