Борец се врати на победи во Втората лига – Исток триумфирајќи со 3-0 против Партизан Обршани во 21. коло, благодарение на хет-трикот на младиот офанзивец Марко Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски за само девет минути, во период од 12. до 21. минута запиша три погодоци на мечот носејќи нови три бода за велешени.
Во дерби пресметката на тиквешијата, во извонредна атмосфера во Кавадарци, Тиквеш славеше убедлива победа од 4-0 против Вардар Неготино.
Петар Најдов во 39. минута донесе водство за Тиквеш, а во вториот дел следеа уште три погодоци. Иван Ивановски во 47. минута, Андреј Лазаров во 75. минута и Најдов со својот втор погодок на мечот во 85. минута заокружија на 4-0.
Емил Скендери со голот во 9. минута и Даниел Лазаровски во 87. минута, пак, донесоа победа за Кожуф од 2-1 против Каменица Саса. Гостите дојдоа до почесен погодок во финишот од мечот.
РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО
Тиквеш – Вардар Неготино 3-0
Детонит јуниор – Плачковица 0-0
Кожуф – Каменица Саса 2-1
Борец – Партизан Обршани 3-0
УТРЕ (16 ч.)
Велес: БРЕГАЛНИЦА – КИТ ГО
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА