ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Кикс на Слога Виница, Победа триумфално во Кочани

Прилепска Победа го искористи киксот на Слога Виница против Детонит јуниор, па повторно се доближи бодовно до лидерот на табелата по 14. коло во Втората лига – Исток.

Победа со убедливи 1-3 славеше на гостувањето против Осогово, додека Слога Виница на домашен терен не успеа да слави против Детонит јуниор, ремизирајќи со 1-1. Слога победе со голот на Христијан Крклински уште во 6. минута од средбата, но за гостите израмни Левков во 64. минута.

Кожуф со 2-1 славеше против Кит Го. Стефан Терзиев ги постигна двата погодоци за домашните, по еден во двете полувремиња, а Михаил Милевски во 45. минута погоди за пехчевци.

РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО

Братство – Локомотива 4-1

Осогово – Победа 1-3

Слога Виница – Детонит јуниор 1-1

Каменица Саса – Беласица 0-0

Кожуф – Кит Го 2-1

Се вчитува...