ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Кит Го, Борец и Брегалница нижат победи

Кит Го од Пехчево, велешки Борец и штипска Брегалница го заокружија со победи и второто коло во Втората лига – Исток. По стартните победи, трите тима нанижаа три бода и во втората рунда натпревари.

Кит Го дојде до гостинска победа против Вардар во Неготино славејќи со 0-1 благодарение на голот на Бобан Мариќ во 50. минута, кој во игра влезе во второто полувреме и по само неколку минута запиша победнички гол.

Најубедлив беше Борец триумфирајќи против Каменица Саса со 3-0. Борец до победата дојде до погодоците на Симеон Христов во 26. минута и Бојан Колевски во 55. минута.

Брегалница во второто полувреме го скрши отпорот на Партизан Обршани, победувајќи со 2-0 пред своите навивачи со головите на Ристе Наумов во 51. минута и Кристијан Велиновски во 82. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО

Брегалница – Партизан Обршани 2-0

Борец – Каменица Саса 2-0

Кожуф – Детонит јуниор 3-0

Плачковица – Тиквеш 1-1

Вардар Неготино – Кит Го 0-1

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...