ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Кит Го и Тиквеш ремизираа во Пехчево, важна победа за Кожуф

Кит Го и Тиквеш ремизираа (1-1) во Пехчево во најинтересниот попладнавен натпревар од 4. коло во Втората лига Исток.

Гостите први дојдоа до водство со голот на Иван Ивановски во 47. минута, но Мартин Стојанов израмни за Кит Го во 65. минута од средбата.

Значајна победа запиша Кожуф од 2-0 против Партизан Обршани. Гевгеличани до водство од 1-0 дојдоа преку Цветан Чурлинов во 38. минута, а конечните 2-0 ги постави Лазар Пеев во 84. минута.

Плачковица во Радовиш славеше со 2-1 против Каменица Саса. Горан Здравков во 76. минута ја донесе победата за Плачковица, а Вардар Неготино дојде до првата своја победа сезона против Детонит јуниор од 3-2. Победничкиот гол за неготинци го постигна Дарко Мојсовски во 77. минута. Претходно за домашните стрелаа и Чаушев и Костадиновски, а кај гостите два гола постигна Наум Блажевски во 4. и во 46. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО

Кит Го – Тиквеш 1-1

Кожуф – Партизан Обршани 2-0

Плачковица – Каменица Саса 2-1

Вардар Неготино – Детонит јуниор 3-2

Брегалница – Борец Велес (19 ч.)

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...