Кожуф го шокираше лидерот Слога Виница славејќи победа од 1-0 во 20. коло од Втората лига – Исток.
Гевгеличани триумфираа со погодокот на Андреј Јаневски од пенал уште во 15. минута од средбата.
Беласица, пак, славеше убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Братство со два гола на Коцев и еден на Радојчиќ.
Победа со неверојатен пресврт дојде до победа од 2-5 против Детонит јуниор. Иако Детонит водеше со 2-0 по првото полувреме, во вториот дел пет гола на прилепчани. Стрелци беа Христов, Карчески во два наврати, Димоски и Спиркоски.
Осогово и Пехчево одиграа без победник. Пехчево погоди со голот на Бошко Ступиќ во 65. минута, но домашните израмнија за конечни 1-1 со голот на капитенот Тошо Манов во 75. минута.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (20. коло)
Осогово – Пехчево 1-1
Кожуф – Слога Виница 1-0
Детонит јуниор – Победа 2-5
Братство – Беласица 0-3
Локомотива – Каменица Саса 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА