Брегалница дополнително се издвои на врвот од тебалата во Втората лига – Исток откако во ново одлично издание во 13. коло триумфираше со 1-3 на гостувањето против Осогово во Кочани. Но, благодарение и на извонредниот резултат на Кит Го кој на гостувањето на дуелот во Неготино со убедливи 1-4 го шокираше Тиквеш.
Брегалница победата против Осогово ја обезбеди со трите гола уште во првото полувреме на Ацковски во 20. минута, Ристе Наумов во 36. минута и Љупче Кудев во 39. минута, откако претходно кочанци до водство дојдоа со голот на Неданоски во 19. минута.
Кит Го, пак, одигра извонреден натпревар во Неготино со неочекувана лекција за Тиквеш и победа од 1-4. Пехчевци дојдоа до предност со голот на Владимир Дујовски во 17. минута. Тиквеш израмни благодарение на автоголот на Ступиќ во 34. минута, но во второто полувреме извонредна тактичка игра на Кит Го кој до триумфот дојде со головите на Алексовски во 58. минута, Ступиќ во 82. минута и Алпај Јусуф во 88. минута.
Брегалница на врвот сега е со пет бода предност во однос на второпласираниот Тиквеш.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (13. коло)
Тиквеш – Кит Го 1-4
Осогово – Брегалница 1-3
Кожуф – Слога Виница 0-0
Плачковица – Победа 0-0
Каменица Саса – Росоман 5-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА