Идниот прволигаш, струмичка Беласица запиша неверојатно победа од 0-12 (0-5) на гостувањето против Победа во Валандово во 22. коло од Втората лига – Исток.
Во триумфот на струмичани четири погодоци постигна Пепи Георгиев, три гола постигна Мартин Мирчевски, Никола Божинов постигна два, а по еден Ташев, Здравков и Андонов.
Борец Велес запиша значајна победа во трката за второто место, славејќи со 1-3 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со двата гола на Ѓорги Ѓоргиев и еден на младинецот Андреј Кудијан. По првото полувреме домашните водеа со 1-0, но потоа во вториот дел следеше комплетен пресврт.
Осогово триумфираше против Каменица Саса со 1-0 благодарение на голот на Владимир Жоглев во 40. минута од натпреварот.
Минимална победа запиша и Кожуф против Плачковица со голот на Ристе Каракамишев во 73. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 22. КОЛО
Осогово – Каменица Саса 1-0
Тиквеш – Борец 1-3
Победа Валандово – Беласица 0-12
Кожуф – Плачковица 1-0
Брегалница – слободна
ТАБЕЛА: Беласица 49 бода, Борец Велес(-1) 38, Брегалница(-1) 37, Кожуф(-1) 31, Тиквеш(-1) 29, Плачковица 21, Саса 16, Осогово 16, Победа Валандово 8 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА