ВТОРА ЛИГА ИСТОК: „Петарда“ на Беласица во Кочани, Саса се спаси од пораз, победи на Слога В. и Победа

Само екипата на Каменица Саса се „лизна“ од водечките екипи на табелата во втората лига исток, и сега заостана во битката за првите две места. Останатите екипи Слога Виница, Победа и Беласица остварија важни победи во борбата за прволигашката конкуренција.

Најлесно и беше на екипата на Беласица која со 0-5 го совлада составот на Осогово во Кочани. Струмичани сите пет гола ги постигнаа во вториот дел од средбата, откако на полувремето беше 0-0. Серијата на гоилови ја почна Трајков во 51. минута, потоа погодија Милушев во 74. минута, па Коцев со 84. минута, Крстев во 86. минута, и Давков во 88. минута.

Слога Виница успеа да го одбрани првото место на табелата, со победата над Братство од 0-3. И Виничани по рецептот на Беласица, сите три гола ги дадоа во вториот дел преку Стојов, Симевски и Митревски. Домашните во 80. минута останаа со играч помалку.

Нешто потешка победа за Победа која дојде до трите бода на гостувањето во Градско. Прилепчани дојдоа до 0-2 со головите на Спиркоски и Карчески уште во 20 и 37. минута. Меѓутоа Иванов во 42. минута ја врати надежта за Локомотива дека може да го избегне поразот, но не успеа во вториот дел.

Интересно беше во Македонска Каменица, каде што домашниот тим Каменица Саса одигра 2-2 против Пехчево. Гостите водеа со 0-2, за домашните потоа да намалат на 1-2, па со сомнителен пенал, односно со преиначување на одлуката на судијата кој од гол аут покажа пенал, да стигнат до 2-2.

2-2 одиграа и Детонит Јуниор – Кожуф. Детонит имаше водство до 93. минута, а потоа од пенал Кожуф стигна до бод со голот на Јаневски.

22. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

Каменица Саса – Пехчево 2-2

Осогово – Беласица 0-5

Локомотива Градско – Победа 1-2

Братство – Слога Виница 0-3

Детонит Ј. – Кожуф 2-2

ТАБЕЛА:

  1. Слога В. 48
  2. Победа 47
  3. Беласица 47
  4. Каменица Саса 44
  5. Пехчево 27
  6. Кожуф 27
  7. Осогово 27
  8. Детонит Ј. 21
  9. Братство 13
  10. Локомотива Г. 6

Се вчитува...