Брегалница Штип ја славеше најубедливата победа во 4. коло од денешните второлигашки натпревари на македонската фудбалска сцена.
Штипјани убедливо со 0-5 славеа на гостувањето против Каменица Саса.
Значајна победа во битката за врвот запиша и Тиквеш од 1-0 против Победа Валандово. Стрелец на единствениот гол вреден три бода за кавадарчани беше Ѓорѓи Мојсов од пенал во 64. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО:
Каменица Саса – Брегалница 0-5
Тиквеш – Победа Валандово 1-0
Кожуф – Борец 0-0
Плачковица – Хоризонт Турново 3-2
Беласица – Осогово (19:30 ч.)
ТАБЕЛА: Беласица(-1) 9 бода, Тиквеш 9, Брегалница 8, Кожуф 7, Осогово(-1) 6, Борец 6, Плачковица 6, Победа 2, Каменица Саса и Хоризонт Турново без бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА