Детонит јуниор славеше убедливо со 5-0 против Партизан Обршани во првиот натпревар од 23. коло во Втората лига – Исток.
Стрелци на головите за триумфот на радовишани беа Симевски во 7. и во 26. минута, Трајчевски стрелаше во 32. минута за 3-0, а последните два гола во вториот дел беа дело на Витан Јанев во 55. и во 71. минута.
Останатите натпревари од 23. коло во Втората лига – Исток се играат во сабота од 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА