Со денешната убедлива победа од 3-0 против Кожуф во 25. коло од Втората лига – Исток, штипска Брегалница на две кола пред крајот на првенството го осигура првото место во второлигашката конкуренција и враќањето во Првата лига од следната сезона.
По четири години, последен пат настапуваа во сезоната 2016/17 во елитата, „сините“ се враќаат во прволигашкото друштво. Триумфот над Кожуф денеска го донесоа Бакрачески со голот во 45. минута, Дујовски во 58. минута и Јован Манев во 81. минута.
На останатите дуели, Тиквеш славеше против Кит Го со 3-1 со головите на Љамчевски во 15. минута, Кристијан Костовски во 55. минута и Филип Костовски во 71. минута. Единствениот гол за Кит Го беше дело на Алексовски во 65. минута.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (25. коло)
БРЕГАЛНИЦА – Кожуф 3-0
Тиквеш – Кит Го 3-1
Каменица Саса – Плачковица 1-2
Победа – Росоман 3-1
Слога Виница – Осогово 4-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА