ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Победа и Слога нови лидери, кикс на Каменица Саса

Победа и Слога Виница се нови лидери на врвот од табелата во Втората лига – Исток, откако со победи во 8. коло го искористија киксот на Каменица Саса која загуби на гостувањето од Братство 07 со 2-1.

Братство победи со голот на Самир Каришиќ во 88. минута, откако претходно Настевски постигна гол за водство од 1-0 а израмни Соколовски во 65. минута за Саса.

Прилепчани триуфираа со 1-0 против Детонит јуниор, со погодокот на Дарко Анѓелески во 63. минута од средбата.

Слога Виница победата од 2-1 против Кожуф ја обезбеди по само седум минути игра. Најпрво погоди Иван Митров од пенал во 4. минута, а во 7. минута автогол постигна Картов. Петров во 51. минута успеа само да го ублажи поразот на Кожуф.

Кит Го запиша убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Осогово во Кочани. Триумфот беше најавен со евроголот на Зоран Андонов директно од слободен удар од 20 метри во 45. минута, а истиот фудбалер зголеми на 0-2 во 68. минута. Конечните 0-3 беа поставени во 70. минута со автоголот на Спировски.

РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО

Братство 07 – Каменица Саса 2-1

Слога Виница – Кожуф 2-1

Осогово – Кит Го 0-3

Локомотива – Беласица 0-2

Победа – Детонит јуниор 1-0

Се вчитува...