ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Победа ја освои Струмица, Слога Виница го доби дербито со Саса (ВИДЕО)

Прилепска Победа и Слога Виница продолжуваа со израмнетата битка за врвот во Втората лига – Исток, откако во 9. коло запишаа гостински победи од идентични 0-1 против Беласица во Струмица, односно Каменица Саса во Македонска Каменица.

Слога против Саса дојде до триумф од 0-1 благодарение на автоголот на Мартин Мисердовски во 32. минута од средбата.

Победа, пак, ја освои Струмица триумфирајќи со голот на Петкоски во 80. минута.

Кит Го запиша убедлива победа од 4-0 против Локомотива на домашен терен. Два гола за пехчевци постигна Зоран Андонов, еднаш од пенал стрелаше капитенот Бошко Ступиќ, а еден гол беше автогол на гостинскиот фудбалер Петроски.

Осогово ремизираше (1-1) на гостувањето против Кожуф во Гевгелија. Антонов во 79. минута постигна гол за водство на Осогово, но Бејков во 94. минута донесе бод за домашните.

РЕЗУЛТАТИ – 9. КОЛО

Детонит јуниор – Братство 4-0

Беласица – Победа 0-1

Каменица Саса – Слога Виница 0-1

Кит Го – Локомотива 4-0

Кожуф – Осогово 1-1

Се вчитува...