Борец и Брегалница Штип ја продолжуваат битката за втората позиција во Втората лига – Исток, која обезбедува бараж за влез во прволигашката конкуренција, откако славеа победи во 23. коло против Кожуф односно Тиквеш.
Борец славеше со 2-0 против Кожуф со головите на Марко Ѓорѓиевски во 58. и 70. минута од натпреварот.
Брегалница, пак, беше убедлива против Тиквеш победувајќи со 5-0. Ристе Наумов погоди во 5. и во 18. минута, Михаил Маневски стрелаше во 71. минута, Стефан Мишев во 87. минута а Иван Митров во 89. минута.
Каменица Саса беше убедлива против Победа Валандово славејќи со 3-0, а Плачковица го победи Осогово со 3-2.
РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО
Брегалница – Тиквеш 5-0
Борец – Кожуф 2-0
Плачковица – Осогово 3-2
Саса – Победа Валандово 3-0
Беласица – слободна
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА