Победнички старт на новата сезона во Втората лига – Исток на најсериозните кандидати за водечките позиции на табелата, Борец Велес, Брегалница Штип и Кит Го од Пехчево.
Брегалница отпорот на Вардар на гостувањето во Неготино го скрши во второто полувреме стигнувајќи до убедлива победа од 1-4. Стрелци на головите за штипјани беа Дарко Размоски во 56. минута и Лазе Илиев во 58. и во 66. минута, како и Кристијан Велиновски во 80. минута. Единствениот гол за Вардар Неготино беше дело на Ѓорѓи Шишков во 82. минута.
Борец Велес до триумфот од 0-1 на гостувањето против Детонит јуниор во Радовиш дојде благодарение на автоголот на Никола Ѓорѓиев во 45. минута од средбата.
Кит Го во Пехчево на стартот од новата сезона дојде до својата прва второлигашка победа. Триумфот против Плачковица дојде со погодокот на Бобан Мариќ во 47. минута.
Тиквеш и Кожуф во Кавадарци одиграа цврс, израмнет, натпревар кој на крајот заврши со поделба на бодовите, без голови.
Новиот второлигаш Партизан Обршани дојде до победа на гостувањето против Каменица Саса со 2-3 благодарение на голот на Христијан Митрески во 93. минута од средбата.
РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО
Кит Го – Плачковица 1-0
Вардар Неготино – Брегалница 1-4
Тиквеш – Кожуф 0-0
Каменица Саса – Партизан Обршани 2-3
Детонит јуниор – Борец 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА