Кит Го и Борец Велес ремизираа (1-1) во Пехчево во дербито од 8. коло во Втората лига – Исток. По ова реми велешани зачуваа значителна предност на врвот од табелата, а Кит Го мораше да ја препушти втората позиција на табелата на Тиквеш кој денеска убедливо славеше против Партизан Обршани.
Иле Сенев во 72. минута донесе водство за Кит Го, а Тони Мирчевски во 86. минута извлече бод за велешани на гостувањето во Пехчево.
Брегалница стигна до лесен триумф против Плачковица од 2-0 со головите на Иван Митров во 16. и во 67. минута од средбата.
Тиквеш, пак, со головите на Мојсов, Илиевски и Делов славеше со 3-1 против Партизан Обршани пробивајќи се на втората позиција на табелата сега со еден бод предност пред Кит Го.
РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО
Кит Го – Борец 1-1
Брегалница – Плачковица 2-0
Тиквеш – Партизан Обршани 3-1
Вардар Неготино – Кожуф 1-2
Детонит јуниор – Каменица Саса 2-2
ТАБЕЛА: Борец 22 бода, Тиквеш 18, Кит Го 17, Кожуф 15, Брегалница 13, Плачковица 7, Вардар Неготино 6, Партизан Обршани 6, Каменица Саса 5, Детонит јуниор 4 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА