Борец се зацврсти на врвот на табелата во Втората лига Исток, совладувајќи го убедливо последнопласираниот тим Детонит со 4-0. Бојан Колевски ја отвори и ја затвори серијата голови на овој меч, а во листата на стрелците се запишаа и Марко Ѓорѓиевски и Кристијан Николовски.
Тиквеш славеше на гости против Кожуф со 0-2, со головите на Роберт Митев во 63.минута и на Алексанндар Мишов од пенал во 81.минута.
Брегалница со 3-1 го победи Вардар Неготино. Ветеранот Ристе Наумов постигна два гола за штипскиот второлигаш, стрелаше и Лазар Илијев во завршницата, а единствениот погодок за Вардар Неготино беше дело на Ѓорѓи Шишков.
Немаше голови на мечевите Плачковица – Кит Го и Партизан Обршани – Каменица Саса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА