ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Слога триумфално во дербито со Саса, Победа и Беласица ги поделија бодовите

Слога Виница го доби дербито на 18. коло во Втората лига – Исток, триумфирајќи со 2-0 против Каменица Саса.

Бојан Иванов во 7. минута и Андреј Симевски во 54. минута беа стрелци за триумфот на Слога Виница.

Победа и Беласица одиграа натпревар без голови, а Пехчево триумфираше со 0-1 на гостувањето против Локомотива во Градско со голот на Јонус Рушту уште во 2. минута од натпреварот. И Братство победи со 1-0 против Детонит јуниор со голот на Самир Каришиќ во 63. минута.

Осогово и Кожуф ги поделија бодовите во Кочани. Кожуф поведе со голот на Тодоров во 19. минута, а домашните израмнија со погодокот на капитенот Тоше Манов во 71. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО

Слога Виница – Каменица Саса 2-0

Локомотива – Пехчево 0-1

Осогово – Кожуф 1-1

Победа – Беласица 0-0

Братство – Детонит јуниор 1-0

Се вчитува...