Слога Виница се зацврсти на лидерската позиција во Втората лига – Исток откако во дербито на 13. коло славеше на гостувањето во Прилеп против Победа со 0-2.
Слога до триумфот дојде со головите на Иван Митров во првото полувреме и Димитров во 64. минута, а домашните само успеаја да го ублажат поразот со голот на Анѓелески во 77. минута.
Каменица Саса се проби сега на втората позиција на табелата откако со 1-3 славеше на гостувањето против Локомотива. Димовски, Гоцески и Алексовски беа стрелци на головите за триумф на Каменица Саса.
Кит Го славеше со 2-1 против Братство благодарение на двата погодоци на капитенот Бошко Ступиќ. Најпрво Ступиќ погоди во 17. минута а потоа од пенал и во 86. минута, откако во гостинскиот шеснаесетник беше соборен Леон Цуцковски. Стрелец на голот за гостите беше Еркан Шаип во 56. минута.
Беласица и Кожуф ремизираа (1-1) во Струмица. Џемал Ибрахимовиќ погоди во 7. минута за водство на Беласица, а Бејков во 54. минута израмни за гевгеличани.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (13. коло)
Кит Го – Братство 2-1
Беласица – Кожуф 1-1
Детонит јуниор – Каменица Саса 1-3
Победа – Слога Виница 1-2
Локомотива – Осогово 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА