Тиквеш убедливо ја доби дерби пресметката од 18. коло во Втората лига – Исток, триумфирајќи со 3-0 против лидерот Борец.
Фудбалерите на Тиквеш, во извонреден амбиент на Градскиот стадион во Кавадарци, победата ја најавија уште во 27. минута со голот на Марјан Ристовски. Во 48. минута погоди Методија Делов за водство од 2-0, а Роберт Митев ги заокружи конечните 3-0 во 57. минута.
Брегалница триумфираше со 2-1 против Каменица Саса благодарение на головите на Иве Трифуновски во 10. минута и Дарко Стојанов во 23. минута. Гостите единствено преку Зоран Златковски во 81. минута успеаја да го ублажат поразот.
Останатите три натпревари од ова коло на Истокот завршија без голови. Новиот стратег на Кит Го, Добринко Илиевски дебитираше со реми против Кожув на клупата на својот нов клуб.
РЕЗУЛТАТИ -18. КОЛО
Брегалница – Каменица Саса 2-1
Детонит јуниор – Партизан Обршани 0-0
Кит Го – Кожуф 0-0
Тиквеш – Борец 3-0
Вардар Неготино – Плачковица 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА