Кошаркарите на МКК Куманово стигнаа и до „баксузната“ 13.победа во второлигашката конкуренција откако на свој терен во салата „Перо Наков“ беа подобри од велешки Борец баскет (76:71). Избраниците на тренерот Марин Долузовкси полека го кршеа отпорит на екипата од Велес Во првиот период имаа плус 7, (20:13), а до полувремето предноста беше удвоена, изнесуваше 14.поени, (37:24), и рутинерски одбранета во вторите 20.минути.
Во домашната екипа, искусниот Штерјов постигна 15.поени, Георгиевски даде еден помалку, а капитенот Јанески реализираше уште десет поени. На другата страна од теренот, Чадамов даде 18, Карталовиќ 17, а Младеновски уште 12. поени за Борец Баскет.
До многу важна победа стигна и второпласираната екипа во оваа конкуренција – Маџари. И тоа на гостински терен, против екипата на МЗТ Скопје Уни Банка со убедливи 70-92, за потврда на високите амбиции која од клупата ја предводи Перо Блажевски.
Карло Блажевски даде 20.поени, неговиот брат Паоло додаде 18, Настовски застана на 13, а Тодоровски имаше 11. поени за гостинската екипа која сега има скор од (11-2). Кај МЗТ Скопје Уни Банка, Х. Настовски даде 16, а Стојановски имаше еден поен помалку. Младиот состав од Аеродром го претрпе четвртиот пораз во 13 одиграни натпревари.
Блиску до овој скор сега е екипата на Ангели која високо го порази Тетекс ТТК со (83:63), па се доближи до позицијата број 4 со ефект од осум победи и пет порази. Чекор напред на табелата направи и екипата на Мега баскет. Прилепчани пред својата публика беа сигурни против штипски Соколи 1933 (97:83), за седма позиција во вкупниот поредок кај второлигашите.
Очекувано, и без особен напор, Работнички 2018 го доби дуелот со некогашниот прволигаш, Куманово 2009 (80:58) и го остави на последното место на табелата, без ниту еден успех во 13 одиграни рунди. Утре вечер, од 20.часот, во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе играат локалните скопски ривали, Водно Санс и Шкупи.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО
Работнички – Куманово 2009 80:58
МЗТ Скопје Уни Банка – Маџари 70:92
Ангели – Тетекс ТТК 83:63
МКК Куманово – Борец Баскет 76:61
Мега баскет – Соколи 1933 97:83
ТАБЕЛА: МКК Куманово 26, Маџари 24, МЗТ Скопје Уни Банка 22, Шкупи 21 (-1), Ангели 21, Борец баскет 19, Мега Баскет 18, Соколи 1933 18, Работнички 2018 16, Водно Санс 16 (-1), Тетекс ТТК 15, Куманово 2009 12;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА