Фаворитите Македонија ЃП и Башкими ја потврдија улогата во 21. коло од Втората лига забележувајќи убедливи победи против Вардарски, односно Вардар Неготино.
Македонија ЃП славеше со 4-0 во дуелот против Вардарски, додека Башкими во средба во која беа постигнати седум голови со 5-2 го доби Вардар Неготивно.
Брегалница забележа нов кикс, ремизирајќи со 1-1 против Скопје на домашен терен. Киксот на штипјани го искористи Арсими кој со победата од 3-1 против Саса се доближи поблиску до третото место на табелата.
Беласица забележа убедлива победа од 3-0 против Новаци, а на триумф со три постигнати голови се радуваше и Осогово кој го доби гостувањето кај Борец со 1-3.
Детонит Плачковица и Кожуф ги поделија бодови со реми од 1-1, како и Охрид и Победа, меч на кој денеска мрежите мируваа (0-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА