МЗТ Скопје 2 е големиот добитник во последното коло од регуларниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига, откако младите аеродроци славеа на гостувањето против Вардар и го освоија осмото место на табелата, со тоа и пласман во четвртфиналето во ова натпреварување.
„Под Кале“, младите „металци“ одиграа одличен меч кој го решија во своја корист со убедливи (67-88). Ова беше 11. победа за вториот тим на МЗТ сезонава, доволно за да се заврши настапот пред деветтиот Шкупи, кој остана со празни раце и покрај победата над Борец Велес со 98-102.
Во директен дуел за позицијата број 2, кошаркарите на Работнички беа подобри од штипски Соколи 1933 со (70:65), и со оглед на тоа дека победија во двата меѓусебни дуели против штипјани, во доигрувањето ќе имаат подобра стартна позиција.
Противник ќе им биде седмопласираната екипа во регуларната фаза – ГКК Охрид, кој пак има најлош меѓусебен однос во „триаголникот“ со екипите на МКК Куманово и Водно Санс. Сите три екипи завршија со учинок од 12.победи и 10.порази, а кош-количникот во меѓусебните дуели одреди Водно Санс да биде петти, МКК Куманово на шестото, а екипата од Охрид на седмото место.
Термини за одигрување на четвртфиналето се 22.април, потоа 26.април, а евентуалниот трет натпревар од серијата следува на 29.април.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 22. КОЛО
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 67:88
Работнички 2018 – Соколи 1933 70:65
Борец баскет – Шкупи 98:102
Ангели – Водно Санс 74:86
Црн Дрим – МКК Куманово 76:67
ГКК Охрид – Баскет Кам 86:81
ТАБЕЛА: Вардар 39, Работнички 38, Соколи 1933 38, Ангели 36, Водно Санс 34, МКК Куманово 34, ГКК Охрид 34, МЗТ Скопје Уни Банка 33, Шкупи 33, Борец баскет 29, Баскет Кам 25, Црн Дрим 23;
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Вардар – МЗТ Скопје Уни Банка
Работнички – ГКК Охрид
Соколи 1933– МКК Куманово
Ангели – Водно Санс
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА