Лидерот на табелата во второлигашката конкуренција, Македонија ЃП ја оправда фаворитската улога во средбата против Кожуф и триумфираше со 3-0 на домашен терен за седми триумф во шампионатот.
Фаворитската улога ја потврди и Брегалница која на домашен терен славеше над Вардар Неготино со 2-0 со головите на Галевски и Фејзулаи во првите 45. минути.
За разлика од скопскиот и штипскиот клуб Арсими ремизираше без голови против Скопје па му ја препушти третата позиција на табелата на Башкими кој со триумфот над Саса од 2-1 стигна до 20. бод во сезоната.
Беласица забележа домашна победа славејќи со 1-0 против Осогово, додека Борец и Детонит Плачковица ремизираа со 0-0. Охрид на домашен терен славеше со 3-0 над Вардарски, а на три бода се радуваше и Победа со минимална победа од 1-0 над Новаци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА