Покрај богатата прволигашка програма, изминатиот викенд беа одиграни и два заостанати дуели во Втората лига по кои Ангели останаа непоразени по првиот дел од сезоната.
До осмиот триумф во исто толку натпревари, тимот од „Независна Македонија“ стигна преку МКК Куманово (84-60). Вториот натпревар овој викенд беше одигран во Неготино каде Чаир 2030 стигна до убедлива победа над Спорт Тим од 48-92.
Со оваа победа избраниците на Горан Ѓорѓиевски останаа осамени на врвот на табелата во групата „Исток“ со скор 8-0, најблиску зад нив е составот на Борец Баскет кој по шест одиграни натпревари има скор од 5-1. Еден пораз има и тимот на Феникс 2010, но и еден натпревар помалку од велешани (4-1).
Во групата „Запад“ нема непоразен клуб. Прв на табелата е составот на Хераклеа кој е единствениот со девет одиграни натпревари оваа сезона по кои има скор од седум победи и два порази. Единствен со еден пораз по првиот дел од сезоната е Чаир 2030, кој по седум одиграни средби има скор 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА