ВТОРА ЛИГА: Охрид и Шкендија Арачиново без голови во дербито, Брегалница со „седумка“ за Вардар Неготино

Охрид и Шкендија Арачиново одиграа натпревар без голови во дербито на 17. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Во главно израмнет дуел, на крај поделба на бодовите меѓу двете водечки екипи во првенството.

Брегалница, пак, убедливо со 7-1 славеше против Вардар Неготино. Иванов, со два гола, Талески, Мемеди, Тасев, Ѓоргиев и Коцев беа стрелци за штипјани.

Скопје славеше против Беласица со 1-0, благодарение на голот на засилувањето Душко Трајчевски во 77. минута од натпреварот.

А, Осогово со голот на Димоски во 73. минута славеше на гостувањето против Преспа со 0-1.

ВТОРА ЛИГА – 17. КОЛО
Охрид – Шкендија Арачиново 0-0
Брегалница – Вардар Неготино 7-1
Детонит – Тетекс 2-1
Преспа – Осогово 0-1
Скопје – Беласица 1-0
Големо Коњари – Слога Виница 2-2
Саса – Победа 2-0
Новаци – Кожуф 1-0

Се вчитува...