ВТОРА ЛИГА: Охрид и Шкендија Арачиново и Брегалница убедливи, Скопје со „минималец“

Водечките екипи во Втората македонска лига одиграа без грешки во 21. коло од првенството, и со тоа ги задржаа своите позиции на првите четири места на табелата.

Најубедлива победа славеше Шкендија Арачиново, која со 5-0 го совлада тимот на Слога Виница на гости. Охрид со 4-0 беше подобар до Вардар Неготино на свој терен. Брегалница, пак, со 0-3 триумфираше на гостувањето кај Преспа.

Скопје со минимални 1-0 го совлада Кожуф, и ги задржа шансите за пласман во прволигашката конкуренција. Тимот од Автокоманда ги има сите победи оваа пролет, и најавува сериозни амбиции за враќање на прволигашката сцена.

ВМФЛ, 21. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ:

БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС 3-1
ДЕТОНИТ – ОСОГОВО 2-4
СКОПЈЕ – КОЖУФ  1-0
КАМЕНИЦА САСА – НОВАЦИ 0-0
ОХРИД – ВАРДАР Н.   4-0
ПРЕСПА – БРЕГАЛНИЦА 0-3
СЛОГА В. – ШКЕНДИЈА А. 0-5

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...