ВТОРА ЛИГА: Пелистер го доби пелагониското дерби во Прилеп, Охрид сигурен со Тетекс, Детонит го победи Кожуф

Пелистер го доби пелагониското дерби на гостувањето против Победа во Прилеп во 14. коло од Втората македонска фудбалска лига со што ја продолжува битката за водечките две позиции на табелата заедно со Беса и Детонит Плачковица кои исто така беа сигурни до триумф во денешните натпревари.

Пелистер славеше со 0-2 против Победа. Бојан Спиркоски во 40. минута ги донесе „пелистерци“ до водство од 0-1, а Јованчо Трајковски во 74. минута ги постави конечните 0-2.

Беса беше сосема сигурно трииумфирајќи убедливо со 0-3 на гостувањето против Башкими во Куманово, со што ја задржа водечката позиција на табелата.

Детонит Плачковица, пак, цврсто ја држи втората позиција на табелата, сега со триумф од 2-0 против Кожуф. Стрелци на головите за домашните беа Албан Мемеди во 29. минута и Керим Вилдан во 49. минута.

Охрид сигурно го победи Тетекс на домашен терен со 2-0. Стрелци на головите за охриѓани беа Емил Скоко во 53. минута и Оливер Дишлиевски во 70.минута од натпреварот.

Скопје ја изненади Беласица во Струмица победувајќи со 0-1. Гостите до триумфот дојдоа со автоголот на Давид Стојков во 80. минута. Новаци го победи Вардар Неготино со 3-2, а Саса и Караорман одиграа без победник (2-2) во Македонска Каменица.

ВТОРА ЛИГА – 14. КОЛО
Охрид – Тетекс 2-0
Победа – Пелистер 0-2
Башкими – Беса 0-3
Детонит Плачковица – Кожуф 2-0
Беласица – Скопје 0-1
Новаци – Вардар Неготино 3-2
Каменица Саса – Караорман 2-2
Осогово – Арсими 1-1

Се вчитува...