ВТОРА ЛИГА: Пелистер славеше во пелагониското дерби, Детонит ќе игра бараж за Прва лига!

Пелистер славеше против Победа со 1-0 во пелагониското дерби од претпоследното коло во Втората македонска фудбалска лига.

Натпреварот беше резултатски понеопходен за Победа која се уште трага по бодови за сигурен опстанок, но на крај триумфираа „пелистерци“ кои победнички го одбележаа враќањето во Првата лига од следната сезона. Стрелец на голот за победа на Пелистер беше Ѓорѓи Танушев во 66. минута од средбата.

По денешното коло е јасно дека на третото место на табелата ќе заврши Детонит Плачковица, која ќе игра бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига.

Каменица Саса славеше убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Караорман, а Тетекс го победи Охрид со 2-1 со што остана со шанси во последното коло да се избори и за директен опстанок во второлигашката конкуренција.

Беласица со голот на Дино Михолов во 97. минута успеа да се спаси од пораз на гостувањето против Скопје за конечни 2-2.

ВТОРА ЛИГА – 29. КОЛО
Пелистер – Победа 1-0
Арсими – Осогово 2-2
Тетекс – Охрид 2-1
Беса – Башкими 0-0
Вардар Неготино – Новаци 2-1
Скопје – Беласица 2-2
Кожуф – Детонит Плачковица 0-0
Караорман – Каменица Саса 0-3

Се вчитува...